Ако ме излажеш еднаш, срам да ти е – ако ме излажеш втор пат срам да ми е, вака вечерва новинарот Цветин Чилиманов во поткастот „Наткаст“ на Љупчо Цветановски го коментираше повикот на претседателот на СДСМ Венко Филипче за распишување на нов Референдум за внесување на Бугарите во Устав.

-Ако ме излажеш еднаш, срам да ти е – ако ме излажеш втор пат срам да ми е. Незнам дали некој ќе му поверува на ветувањата. Прва асоцијација вчера на целата јавност беше дека еднаш имавме Референдум за правење отстапка кон сосед кој што држи вето, имаше вето по национални, етнички, и идентитетски прашања. Референдумот пропадна, но сепак го изгласаа низ Собрание, знаеме на коаков начин. Тоа што наумија или им беше наредено да го направат, нели со тоа требаше да се заврши целата работа, изјави Чилиманов.

Барањето за нов Референдум за иста работа е навистина инфантилно, смета Чилиманов.

-Сега по втор пат Референдум за истата работа, односно сега веќе на друга тема, нови отстапки, нови попуштања, навистина е инфантилно. Но добро, седнале направиле накаква стратегија, очигледно имаат повеќе планови, се надеваат да останат релевантни и да направат некаква атмосвера, пред се кај нивното членство дека нешто прават, дека нешто се движи, дека еве ги тука се до брегот за да поминат, вели Чилиманов и додаде:

„Не се ни натпреваруваат на власта. Ако ги слушаш на пример, Фрчковски што им е главниот стратег во старт се откажува од идејата дека ќе дојдат на власт, се натпреваруваат со ЗНАМ да го заменат ЗНАМ, како помал коалициски партнер, најмал коалициски партнер во владата, но тоа би им било доволно, веројатно да се заштитат од истраги да течат бисзнисите, очигледно тоа им е целта и бараат начин некако да се наметнат во јавноста“.

Извор: Курир