-Условите на договорот не беа почитувани и компанијата не беше во можност да спроведе кредибилна стратегија за да обезбеди навремена испорака, рече Кирсмаекер.
Тој додаде дека Комисијата поднесе тужба во петокот во име на сите 27 членки на ЕУ, кои едногласно го поддржаа овој потег.
„АстраЗенека“ повеќепати не успеа да достави вакцини до Европската унија. Според договорот, требаше да испорача 120 милиони дози во првиот квартал, а испорача само околу 30 милиони. Требаше да испорача 180 милиони дози во вториот квартал, а според последните најави, ќе испорача само 70 милиони дози.