Реакција на министерката во Тетово

Министерката за образование, Весна Јаневска, вчера во Тетово директно му одговори на новинарот кој по вторпат ја праша дали носи преведувач. На прашањето, Јаневска кратко возврати дека не знае кому му треба преведувач за да го знае македонскиот јазик во Македонија.

(ВИДЕО) „НЕ ЗНАМ КОМУ МУ ТРЕБА ПРЕВЕДУВАЧ ДА ЗНАЕ МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК“: Јаневска по вторпат прашана дали има преведувач

Посета на реконструираниот образовен центар

Јаневска, заедно со премиерот Христијан Мицкоски и градоначалникот на Тетово, Билал Касами, присуствуваше на свеченото пуштање во употреба на реконструираниот Регионален центар за средно стручно образование „Моша Пијаде“ во Тетово. Ова е вторпат на министерката да ѝ биде сугерирано да има преведувач при посета во Тетово.

Граѓаните со масовна поддршка и реакција од Мицкоски

По вчерашната реакција, граѓаните масовно ѝ дадоа поддршка на Јаневска. На фотографиите и реакциите што се споделуваат, може да се забележи поддршка за ставот дека во земјава треба да се знае македонскиот јазик.

Реакција од Мицкоски

Премиерот Мицкоски, пак, новинарот го нарече циркузант.

Новинарот кој ја праша Јаневска дали носи преведувач според Мицкоски е „циркузант“