Членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев, во гостувањето во поткастот „Наткас“ на Љупчо Цветановски синоќа изјави дека СДСМ е паднат на најниските гранки од своето постоење и дека она што го направија Заев и Филипче никогаш во животот не би го направиле ниту Киро Глигоров, ниту Бранко Црвенковски, ниту Илинка Митрева…
-СДСМ е паднат на најниските гранки од своето основање и постоење. Истовремено со жалење можам да констатирам дека политиките кои што се вакви од СДСМ, кои ги спроведува сега во 2026 година, а кој што тренд почна од 2017 година, значи овој СДСМ на Зоран Заев и Венко Филипче никогаш тие работи не би ги напраиле било кој од оние луѓе кои што го носеле СДСМ 35 години наназад. Во делот на националните прашања, овие не би ги нарекол отстапки. Овие бришења патос со сите македонски црвени линии на Зоран Заев и Венко Филипче, никогаш во својот живот не би го направиле ниту Киро Глигоров, ниту Бранко Црвенковски, ниту Илинка Митрева, ниту Благој Хаџиски и сите останати, рече Ѓорчев.
Секогаш сме имале несогласувања, и покрај тие несогласувања се разговарало и постоеле некави црвени линии, вели Ѓорчев.
-Ние како ВМРО-ДПМНЕ сме биле во контра, сме имале еден куп несогласувања и ние како едноставно, стожерна партија, на македонската државност и македонската идеја, со сите несогласувања кои што сме ги имале, сепак ,можело некако да се разговара и постоеле некакви црвени линии. Повторувам, овој СДСМ на Зоран Заев и на Венко Филипче, а не само за националните прашања, тука се корпусот и на културолошки прашања. Прашања кои се поврзани на семејните теми, на семејните политики и на сето останато. Значи, било кој од првенците наназад, Киро Глигоров, Бранко Црвенковски, Хамџиски, Илинка Митрева, цела таа нивна лепеза на луѓе кои што беа од 90-те и после тоа никогаш, никогаш не би го направиле тоа, дециден е тој.
Според Ѓорчев овој СДСМ не е штетен само за себе, туки е лош и за Македонија.
-Така што за жал, овој ваков СДСМ, не само што е лош само за себе, тој е лош за Македонија и ќе треба да поминат години – години и децении за да ја санираме штетата која што ја направија и во делот на националните прашања и во делот на македонскиот идентитет, македонските работи, македонските интереси, македонската иднина, и воделот на демографијата, семејните политики. Мора да констатираме дека состојбата е тешка, но мораме и да дадеме оптимизам, а тоа е сега оваа ваква Македонија со оваа Влада и оваа гарнитура постепено се консолидира и мораме да продолжиме и никогаш не треба да кренеме раце самите од себе. Македонците се борат за своите правдини и еден ден повторно ќе изгрее сонце над Македонија, која што да Македонија е слободна, но мора да продолжиме да се грижиме, да ја крепиме таа наша заедничка и прекрасна Македонија, подвлече Ѓорчев.
Извор: Курир
