– Ние ќе ги направиме сите услови да го спроведеме ова. Времето е кратко, но сметам дека со оглед на сите околности што се случија ќе успееме во спроведувањето на таа обврска, изјави Даштевски, кој кажа дека и тие се во очекување на одлуките на Собранието.
ДИК на денешната седница информираше дека деновиве е направено најновото ажурирање на Избирачкиот список, а членовите на Комисијата ги повикаа граѓаните да ги проверуваат своите податоци електронски на нивната веб – страна во текот на целата година. Комисијата изработи и видео спот преку којшто ги повикува граѓаните да ги проверат своите податоци.
– Важно е граѓаните да знаат дека има поголема транспаретност и достапност и да бидат активно вклучени во постојаната проверка на своите податоци. За таа намена првпат за да ја зголемиме информираноста, транспаретноста и достапноста изработивме ТВ видео спот што ќе биде прикажуван на медиумите, информираше членот на ДИК Борис Кондарко.
На денешната седница беа усвоени и правилници за процедури за ажурирање на Избирачкиот список. Ажурирањето на ИС се прави по службена должност, по барање на граѓани и за време на распишани избори, односно референдум. Редовно законско ажурирање е врши во февруари, мај, септември и декември, а податоците се добиваат од МВР.
Исто така членовите на ДИК усвоија и процедура за постапките за доделување на договори за јавни набаки и нивна реализација, како и измена на Годишниот план за јавни набавки.