Според истражувањето, ВМРО е на кантар, а разликата меѓу првите две партии, ГЕРБ и БСП, расте.
– Три дена пред гласањето, одѕивот и натаму е една од најголемите неизвесности, со суштинско значење за конечниот резултат, рече социологот Борјана Димитрова за бТВ.
Истражувањето на агенцијата е спроведено во периодот од 27 до 30 март и покажува дека одѕивот на гласачите во Бугарија би бил околу 51 процент. Бугарските граѓани што планираат да гласаат на 4 април би биле помеѓу 2,6 и 2,8 милиони луѓе.
Сепак, активноста ќе зависи од состојбата со Ковид-19. Секој десетти од оние кои сакаат да гласаат имаат голема загриженост, а повеќе од една третина (36 отсто) имаат некои проблеми.
– Доколку овие луѓе останат во своите домови, одѕивот на парламентарните избори во Бугарија може драматично да падне под 2,4 милиони луѓе, што би ги променило резултатите, рече Димитрова.
Три четвртини од анкетираните бугарски граѓани изјавиле дека одлучиле за кого ќе гласаат пред изборната кампања.