Редакција на Лидер одвои некои од коментарите на актуелните и поранешните политичари за победата на македонската фудбалска репрезентација.

Еден од најкоментираните Фејсбук статуси беше честитката на министерката за одбрана. Таа кратко напиша „браво“ за фудбалерите, а на тоа граѓаните се надоврзаа со стотици коментари.

По Шекеринска, со коментар се јави и премиерот Заев. Тој иако напиша подолг текст, сепак не го спомна името на неговата држава и го замени со стикер – македонско знаме.

Со коментар се јави и вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров, а тој се пошегува со својот германски колега.

Освен од власта, со коментар се јавија политичарите и од редовите на опозицијата. Тука, пред се, се истакнува Фејсбук статусот на Христијан Мицкоски.

Освен Мицкоски, се огласи и потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

Без коментар не остана ни поранешниот лидер на опозицијата, Никола Груевски.

Она што може да се забележи кај функционерите од опозицијата е тоа што сите го употребија терминот „Македонија“, додека политичарите од власта правеа демагогии како да не го спомнат името на нивната земја.