Неименуван висок министер од областа на образованието беше осуден на смрт, по истрагата што требаше да утврди зошто неговиот оддел нема задоволителен напредок и воспостави систем за учење на далечина, пренесува Мирор.
Како што е посочено, Министерството за образование не покажа никаков напредок, а поединци ги критикуваа одлуките на владата. Покрај тоа, членовите на министерството „се жалеле на секој состанок“ за обемот на работата, а други укажувале на недостаток на ресурси. Најголемиот проблем е што Министерството не воведе учење од далечина како што се очекуваше.
По егзекуцијата на министерот, беше формирана нова комисија под раководство на Ри Гук-чол, ректорот на универзитетот Кин Ил-сунг.
Донесени се нови мерки, што значи дека редовно се одржуваат видео конференции.
Ова не е прв пат од Северна Кореја да пристигнуваат вести за егзекуции на службени лица. Во 2019 година имаше дури обвинувања дека Ким фрлил генерал со пирани, а 5 лица биле застрелани бидејќи самитот со тогашниот американски претседател Доналд Трамп не поминал добро.