Според неофицијалните информации, се размислува за можно отворање на терасите на угостителските објекти, но и за продолжување на рестриктивните мерки за уште една недела.
Постојните мерки за ограничување на движењето и другите рестрикции и мерки за примена на личната заштита за спречување на ширењето на Ковид-19 се со важност до 27 април.
Според министерот за здравство Венко Филипче, состојбата со Ковид-19 во нашата држава се стабилизира.