Косовската парламентарна опозициска партија Алијанса за иднината на Косово (ААК) побара од Владата предводена од премиерот Албин Курти под итно да го преиспита буџетот поради финансиската криза во која е западната државата, јави дописникот на МИА од Приштина.
Лидерот на ААК, поранешниот косовски премиер Рамуш Харадинај, на прес-конференција денеска изјави дека ребалансот на буџетот за 2022 година е неопходен поради тоа што се променети предвидувањаата врз кои тој се формира и поради порастот на цените на намирниците и инфлацијата.
– Цените се зголемени, имаме вонредна кризна состојба во државата. Врз основа на тоа ѝ предлагаме на Владата да преземе ребаланс на буџетот. Ѝ предлагаме на Владата да ги преиспита сите инструменти за интервенирање во финансиската криза во државата, за куповната моќ и кризата низ која поминуваат граѓаните во земјата, рече Харадинај.
Според финансиските експерти на ААК, кабинетот на Курти треба да ги преиспита и капиталните инвестиции, како и да ја укине таксата на основните намирници.
– Треба да се укине таксата на основните прехранбени продукти, да се изврши проценка на висината на акцизата за нафта, бидејќи зголемените цени на нафтата влијаат на порастот на сите други цени, изјави Харадинај.