Лефков истакна дека локалните избори биле референдумско изјаснување на граѓаните, додавајќи дека оваа влада е завршена работа, како и тоа дека на Македонија и се потребни брзи предвремени парламентарни избори.

Денеска ги видовме реакциите на Хоџа, ја видовме и оставката на Мила Царовска, видовме дека онаа црна кампања и она вложување на Зоран Заев на начинот на којшто настапи особено во првиот и вториот круг и начинот на којшто ја водеше државата изминатиот период придонесе овие локални избори да бидат едно референдумско изјаснување.

Оваа влада е завршена работа и ние не се откажуваме. Најдобро решение за Македонија во овој момент ќе бидат брзи предвремени парламентарни избори, затоа што досега имавме едно нефункционално собрание – објасни Лефков.