Познатиот американски актер Ричард Чембрлен, почина на 90-годишна возраст по последици од мозочен удар. Беше најпознат по своите улоги во сериите Dr. Kildare, The Thorn Birds и Shogun. Тој беше икона на телевизијата и филмот. Остави неизбришлива трага во светот на шоу-бизнисот.
Чембрлен почина два дена пред да го прослави својот 91-ви роденден, оставувајќи голема празнина во индустријата и во срцата на своите обожаватели.
Во едно од последните интервјуа, тој изјави дека би сакал да биде запаметен како „прилично убаво момче со смисла за хумор“, што го опишува неговиот характер и пристап кон животот и работата.
Ричард Чембрлен ќе остане во спомените на сите кои го следеле и ценеле неговото богатство на талент и шарм.
Извор: Канал 5