Обвинувања за „џет-сет“ однесување и отсуство од јавноста

Од ВМРО-ДПМНЕ реагираат дека Венко Филипче не покажува вистинска грижа за работниците и државните интереси, обвинувајќи го дека празникот 1 Мај го поминал надвор од земјата.

Во партиското соопштение се наведува:

„Венко Филипче е лицемер кој пет пари не дава за работниците ниту за државните интереси. Тој први мај го прослави ударнички од Рим, преку лет Скопје-Франкфурт Франкфурт-Рим, како што пренесоа и открија медиумите.“

Критики за јавни настапи и политички пораки

Од партијата додаваат дека Филипче не се појавил на прес-конференција на 1 Мај, како и дека неговото однесување е спротивно на пораките што јавно ги испраќа.

„Денес нема да излезе на прес-конференција, затоа што е на продолжен викенд и мисли за Македонија од Рим. Немаме против патувањата на Филипче, но имаме против да се прикажува за лажен душегрижник за работниците, стандардот и иднината на Македонија од странство и живеејќи живот како џет сет плејбој“, стои во реакцијата.

Во соопштението се додава и оценка:

„Лицемер е мал збор за ваков човек.“