Бараат цврсти гаранции дека тоа што беше договорено минатата недела ќе биде исполнето. Не се задоволни од вчерашното решение постигнато меѓу Министерствто и винарниците според кое смедеревката ќе се откупува за 10, а вранецот за 12 денари за килограм. Производството на килограм грозје чини 13,20 денари за кило. Затоа овие цени се неприфатливи за лозарите.
Министерот за земјоделство, Арјанит Хоџа, решението постигнато со винарниците го објави на Фејсбук. Новите цени важат од синоќа. Лозарите кои предале грозје под оваа цена, ќе добијат дополнителни пари за постигнување на договорените суми. Владата дополнително ќе обезбеди и два денари за грозјето од оваа реколта, а ќе се бара начин и за дополнителна поддршка.
„Изразувам длабоко разбирање за вашата макотрпна работа и секако дека било која цена да се нуди за откуп на вашето грозје никогаш нема да биде праведна кога се споредува со трудот што го вложувате“, напиша министерот Хоџа.