Во 2020 година тој ги продаде своите шест недвижности во Калифорнија. Заедно со куќата, која ја продаде уште во 2019 година, заработи 114 милиони долари, пренесува DailyMail.
Тој моментално е сопственик „само“ на летниковец во заливот. На крајот, тој реши да го продаде и тоа, а на потенцијалните купувачи им беше понуден за 37,5 милиони долари. Маск се одлучи за масовна продажба затоа што постојано беше критикуван за неговото извонредно богатство.
Летниковецот во заливскиот дел на Калифорнија, што се продава, се наоѓа на улицата Кристал Спрингс во Хилсборо. Според Маск, тој главно било во функција на просторот за изнајмување настани. Тој сака да го продаде имотот на големо семејство кое ќе живее таму, објави Маск на Твитер.
Извршниот директор на Тесла моментално е сместен во изнајмен дом во Бока Чикаго, Тексас, вреден 50.000 долари. Сместен е во близина на неговата компанија SpaceX. Тој се пресели таму пред една година.
Маск вели дека во минатото добил многу критики од луѓе поради неговиот имот, па затоа решил да се ослободи од најголемиот број недвижности и на тој начин „да им ги затвори устите“.
Илон Маск вели дека и покрај продажбата на имотот, тој ќе продолжи да плаќа данок на доход во Калифорнија што ќе биде пропорционален на неговото време поминато во државата, пренесува СЕЕбиз.
Првиот човек на Тесла започна да го продава имотот во јуни 2020 година, кога првпат се ослободи од вилата од 1.900 квадратни метри во областа Бел Ер во Лос Анџелес. Тој ја продаде за 29 милиони долари. Во неа се наоѓаат, меѓу другото, библиотека, апартман за гости и театар. Имотот содржел и овоштарник и гаража за пет автомобили. Областа имаше поглед кон морето и градот. Маск го купи имотот во 2013 година за 17 милиони долари.
Во декември 2020 година, Маск продаде уште четири свои куќи лоцирани на Бел Ер. Од тие продажби, тој заработи вкупно 61,8 милиони долари.