Локалните пратеници во Мексико во четвртокот дадоа зелено светло за правната реформа со која ќе се суспендираат родителските права на мажите кои се под истрага за убиства на жени и ќе се заострат санкциите за напади со киселина врз жени.

Мексико се соочува со една од највисоките стапки на родово засновано насилство во светот, а низата фемициди – убиства на жени или девојки – предизвика жестоки протести во земја каде жените се борат за поголемо влијание.

Законодавците во државата Пуебла едногласно ја поддржаа реформата за „прекинување на родителските права во случаи на фемицид“, предизвикувајќи аплауз од салата по едноминутното молчење за жртвите на злосторството.

Реформата го носи името на адвокатката Сесилија Монзон, која беше убиена минатиот мај.

Властите подоцна го уапсија главниот осомничен, поранешен конгресмен и татко на нејзиното дете.

Едногласно беше прифатен и законот со кој се санкционираат нападите со киселина со казна затвор до 40 години, третирајќи го делото како еквивалентно на обид за убиство на жена.

Секој ден убиваат повеќе од 20 жени

Реформата наречена „Закон на Малена“ ја уважува саксофонистката Марија Елена Риос, која пред судот сведочеше за нападот со киселина во нејзиниот дом во кој се здоби со тешки изгореници.

„Оваа реформа нека стане пример на национално ниво, што ќе ни овозможи подобра правна рамка и пристап до живот без насилство“, напиша локалната претставничка Нора Ескамила на Твитер.

Бројот на пријавени убиени жени во Мексико минатата година се зголеми за повеќе од 600 – на 7.646, а повеќето случаи беа прогласени за помало кривично дело убиство од небрежност.

Тоа изнесува во просек повеќе од 20 убиени жени дневно.

Владините податоци од 2019 година покажаа дека, во просек, се изречени само четири казни на секои 100 убиени жен