Ситуацијата над селото Тркање е аларманта, војската само што пристигна. Целта да бидеме тука е да ги повикаме надлежните да си ја вршат работата за која се платени. И да повикаме помош затоа што да не оставиме самиот пожар и огнената стихија да си ја завршат работата туку тоа да го направат надлежните, порача Мицкоски во изјава за Радио Лидер.

– Токму ова е главната мотивација што денеска сме овдека враќајки се од Струга, Ташмаруништа накај Скопје. Дојдовме тука да дадеме поддршка на луѓето и да повикаме помош и да ги замолиме надлежните да си ја вршат работата за која што се платени, изјави Мицкоски.

Мицкоски додаде дека страшна била изјавата дека утре наутро ќе полетале хеликоптери.

– Тоа беше тажно што успеав да го прочитам и мотивиран од сето тоа дојдов тука за да дадеме помош и морална и човечка, еве и политичка и секаква, изјави Мицкоски.

Во продолжение целата изјава на Мицкоски дадена за Радио Лидер.

 

Posted by Радио Лидер on Monday, August 2, 2021