– Повеќе не можеме да бидеме заложници на оние кои преку своето вето ја парализираат европската надворешна политика. Тој што го прави тоа, си игра со единството на Европа на краток или долг рок. Затоа отворено кажувам: ветото мора да се укине, истакна Мас.
Тој, за време на средбата со шефовите на германските дипломатски мисии, истакна дека ЕУ мора да се залага за зачувување на глобалната економија и слободна трговија во светот, спротивставувајќи се на протекционистичките тенденции.