Стартот на сондата „Кру драгон“ со товарната ракета „Фалкон 9“ е планиран за 22 април.

– За првпат ќе употребиме повеќекратна сонда и повеќекратна прва етапа, изјави таа за време на брифинг пред закажаниот старт.

На МВС ќе бидат испратени астронаутите на НАСА, Роберт Кимбро и Меган Макартур, како и францускиот Тома Песке, и јапонскиот Акихико Хосида.

При подготовката на летот беше откриен технички проблем (отклонување во индикаторите забележан за време на полнење гориво во ракетата), но специјалистите имаат намера да го отстранат до стартот. Од друга страна, астронаутите кои се сега на МВС, Шенон Вокер, Мајкл Хопкинс, Виктор Гловер и Соити Ногучи, на 28 април ќе се вратат со сондата.

Ракетата „Фалкон 9“ лани на 30 мај од Вселенскиот центар „Џон Кенеди“ на Флорида за првпат изврши успешен лет со пилоти во орбитата на МВС, како прв таков лет на приватната компанија СпејскЕкс. До тогаш, од 2011 година, кога беше запрена шатл програмата на НАСА, американски астронаути можае да заминат на МВС само со руската ракета „Сојуз“.