Градот Штип од 14 часот е без вода за пиење поради екстремната заматеност на суровата вода што пристигнува од хидросистемот „Злетовица“. Филтер-станицата е исклучена од цевководот поради големата заматеност на водата што доаѓа од браната „Кнежево“.

Директорот на ЈП „Исар“ – Штип, Александар Арсовски, на вонредна прес-конференција информираше дека причината за екстремно високата матност е синоќешното невреме што го зафатило пробиштипскиот регион.

„Причина за екстромно големата матност за водата за пиење е синоќешното невреме што го зафати пробиштипскиот регион, а хидро-системот Злетовица има потешкотии во работењето и снабдувањето со сурова вода на сите општини што ја користат“, посочи Арсовски.

Филтер-станицата во Штип во моментов не ја преработува водата што ја прима од ХС „Злетовица“ поради екстремно големата заматеност. Арсовски објасни дека станицата може да преработува вода со заматеност од околу 50 NTU, додека моментално пристигнува вода со над 400 NTU.

„Ние сме во можност да преработуваме матна вода со параметри од околу 50 NTU, а во моментов примаме матна вода со над 400 NTU. Екипите на Злетовциа и на ЈП Исар координарно работат за надминување на овој проблем со водоснабдувањето, а од вас граѓаните бараме разбирање и трпение се до надминување на овој проблем настанат како резултат на елементарна непогода“, изјави Арсовски.

На прашањето кога би можело да се нормализира водоснабдувањето во Штип, директорот на ЈП „Исар“ рече дека е неблагодарно да се даде конкретна проценка за тоа кога филтер-станицата повторно ќе започне со преработка на суровата вода.

Тој посочи дека екипите работат на надминување на проблемот, при што приоритет е заштитата на граѓаните и обезбедувањето чиста и хемиски и бактериолошки исправна вода за пиење. Истовремено, се работи и на заштита на целокупниот автоматизиран процес за преработка на водата во филтер-станицата.

„Екипите на Злетовциа и на ЈП Исар координарно работат за надминување на овој проблем со водоснабдувањето, а од вас граѓаните бараме разбирање и трпение се до надминување на овој проблем настанат како резултат на елементарна непогода“, изјави директорот на ЈП „Исар“ – Штип.