Портпарол на Гутереш изјави дека шефот на ОН ги поддржува повиците за „целосно транспарентна и независна истрага за овој загрижувачки инцидент“ и ги повика сите актери да соработуваат во истрагата.

Тој е „длабоко загрижен за навидум присилното слетување на авион со патници во Белорусија и потоа апсењето на новинарот Роман Проташевич“, се вели во изјавата на портпаролот на генералниот секретар, Стефан Дижарик.