Како што соопштија од општината, по овој повод ќе се организираат изложбен натпревар на кој ќе учествуваат дечиња и ученици од градинките и од основните училишта на територијата на Општина Аеродром, а е поддржан од Европското движење и Делегацијата на ЕУ и еко-акција – засадување дрвја во новиот парк со учество на претставници на дипломатскиот кор, Канцеларијата на ЕУ во земјава и вицепремиерот за европски прашања.

На настанот ќе бидат претставени и проектите започнати со Стратегиската платформа 2021 – 2025 (100 дена европски стандарди дома).