Oсмани исто така ќе се сретне и со претставници на Сојузот на стопански комори и стоковни берзи на Турција.

Како што соопшти МНР, во фокусот на разговорите меѓу Османи и турските политички и економски чинители се очекува да бидат состојбата и можностите за продлабочување на билатералната соработка, со посебен акцент во економската сфера, активностите поврзани со регионалната соработка и НАТО сојузништвото, европските интегративни процеси, како и други прашања од меѓународните актуелни теми.

Во рамки на престојот во Турција, Османи ќе посети и граѓани со потекло од Република Македонија.