– САД грубо се мешаат во внатрешните работи на нашата земја. Соединетите Држави објавија дека постои таканаречена кинеска закана, го клеветат развојот на Кина и инсистираат на ривалство, рече тој на прес-конференција.
Американскиот воен буџет за фискалната 2022 година, која почна на 1 октомври, обезбедува финансирање на проекти кои „наштетуваат на националните интереси на Кина и го поткопуваат нејзиниот суверенитет“. – Го изразуваме нашето сериозно незадоволство и силен протест во овој поглед, додаде тој.
Портпаролот оцени дека Вашингтон постојано ја дестабилизира ситуацијата во светот, спроведувајќи меѓународна политика која „остави многу луѓе без покрив над главата и ги одзеде животите на голем број цивили“. Тој истакна дека САД се обидуваат да ја „униптат редовната соработка со Кина“ на другите земји, обидувајќи се да го ограничат зајакнувањето на контактите меѓу Пекинг и азиско-пацифичкиот регион и Латинска Америка.
-Ги повикуваме САД да престанат да ја претставуваат Кина како ривал и непријател, заклучи Танг Кафеи.