Пешевска рече дека камерите треба да се свртат кон мнозинството.

– Само така граѓаните ќе може да ја видат атмосферата, ќе се види дека и ако дојат се без материјали и слично. Ние поради нив не можеме да постигнеме ништо за граѓаните токму поради нивното однесување. Тие имаат само игнорантски однос кон пратениците од опозицијата, како и кон јавноста и кон граѓаните, рече Пешевска.

Пешевска кажа дека за ваквиот начин на работа информирани се и межународните претставници.

– Власта го злоупотребува европското знаменце, ова мнозинство го искина европското знаменце од злоупотреба. За ова имаа имаше многу забележки. Тројно е зголемена употребата на европско знаменце во овој период исто и на скратената постапка, вели Пешевска.

Таа се осврна и на пакет мерките од Владата кои беа задоцнети, но и несоодветни.

– 1,2 милијарди евра беа за ревиталзиацаија на стопанството, искористија 350 милиони, граѓаните ги интересира каде се парите. Сега имаме само пакети за задолжување, а ништо не се прави, рече Пешевска.