Тренерот на Пари Сен-Жермен, Маурисио Покетино, откри дека напаѓачите Лионел Меси и Килијан Мбапе се подготвувале за натпреварот со Ремс во генералната група и ќе бидат вклучени во тимот за игра.
-Среќен сум поради закрепнувањето на Меси. Тој добро тренираше. Убаво е да се врати во тимот. Ќе биде во составот. Мило ми е што Меси игра за ари Сен-Жермен. Не само во однос на настапите, туку и во однос на она што го носи во тимот. Па Лео има седум Златни топки, изјави аргентинскиот фудбалски стручњак.
ПСЖ утревечер го пречекува Ремс (почеток 20:45 часот).
По 21 кола во Лига 1, ПСЖ е лидер на табелата со 50 бодови.