Популарноста на францускиот претседател Емануел Макрон падна за четири поени и сега само 37 отсто од Французитес е задоволни од неговата работа, јави дописникот на МИА.
Само 37 отсто од Французите имаат поволни мислења за работата на нивниот претседател, наспроти 60 отсто кои се со неповолните мислења (+ четири отсто), може да се види во последната анкета на Ифоп за Журнал ди диманш.
Популарноста на премиерот Жан Кастекс опадна за еден поен според истото истражување, на 36 отсто наспроти 60 отсто (+ два отсто) негативни мислења за неговата работа.
Меѓутоа, во споредба со неговите претходници во истиот момент од мандатот, една година пред истекот, популарноста на Емануел Макрон е попозитивна со онаа на истата фаза од нивните за Никола Саркози 29 отсто и за Франсоа Оланд 17 отсто.