Извршниот директор на Боинг, Дејвид Калхан и извршниот директор на Ербас Америкас, Џефри Кнител испратија писмо до секретарот за транспорт на САД, Пит Бутиџиџ, со намера да укажат дека воведувањето на мрежата 5Г планирано за 5 јануари може да предизвика проблеми во функционирањето на инструментите неопходни за безбедно летање.

Станува збор за инструменти познати како радарски висинометри што им се неопходни на пилотите на комерцијалните авиони за безбедно слетување во услови на слаба видливост, јави Си-Ен-Ен. Како што се наведува, постои можност за погрешни отчитувања кои би ги направиле летовите небезбедни.

Анализата на индустријата сугерира дека прекините може да влијаат на стотици илјади летови годишно и дека авиокомпаниите ќе бидат принудени да ги одложат или пренасочат.

Затоа светските производители на комерцијални авиони бараат од администрацијата на Бајден да го одложи воведувањето на мобилната услуга 5Г следниот месец, што ќе влијае на повеќе од 6.800 авиони и десетици производители на авиони