По краткотрајната нестабилност следува период со повеќе сонце и повисоки температури

По неколкуте стабилни денови, утре повторно се очекува локална нестабилност со дожд и грмежи. Метеоролозите најавуваат дека ова ќе биде краткотрајна промена, по која повторно ќе следуваат повисоки температури и повеќе сончеви периоди.

Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Долж Повардарието ветерот ќе достигнува брзина до 40 километри на час.

Во Скопје претпладне ќе има променлива облачност со сончеви периоди, а попладне во делови од котлината се очекува краткотраен пороен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Во недела повторно се очекува нестабилно време

Од петок ќе преовладува претежно стабилно и потопло време. Во текот на деновите ќе има променлива облачност со сончеви периоди, а ќе дува умерен до засилен ветер, претежно од северен правец.

Исклучок ќе биде недела, кога повторно се очекуваат локални врнежи од дожд и грмежи.