Министерот за здравство Беким Сали денеска го разреши од функцијата организацискиот директор на Универзитетската клиника за детски болести, Аљајдин Мемеди, информираат од Министерството за здравство.
– Организацискиот директор на оваа Клиника се разрешува од функцијата пред истекот на времето за кое е именуван, поради утврдени нерегуларности во извештајот од извршената контрола на работењето на оваа Клиника. Контролата е спроведена од Фондот за здравствено осигурување, се вели во соопштението од МЗ.
Претходно денеска министерството за здравство соопшти дека по барање од министерот Сали поднесени се оставки и од директорите на две универзитетски клиники – Клиниката за детски болести и Клиниката за радиотерапија и онкологија.