Како што пренесуваат српските медиуми формирана е долга колона возила во две ленти. Патниците чекаат да го поминат граничниот премин и по неколку часа.

Патниците кои тргнале кон Грција не очекуваат дека вечерва ќе може да стигнат до граничниот премин Евзони и дека ноќта ќе мора да ја поминат во Скопје, пишува „Новости“.

– Не очекуваме вечерва да стигнеме до Евзони, ќе преспиеме во Скопје, изјавил граѓанин кој со часови чека да го помине граничниот премин Прешево.