Престанете со политизација на случајот со Васил Јованов кој ја усмрти Фросина Кулакова.
ПИШУВА ЉУПЧО ЗЛАТЕВ, уредник и новинар
Вистината е едноставна, за неговите злодела одговорни се ОЈО Скопје, Основен суд Скопје 1 и апелација. Нормално, луѓето од таму имаат име и презиме а Лидер кој го објави името на Васил ги објави и имињата на луѓето од таму.
Одговорни се и оние кои таму фаќале врски и му дале автомобил со кој две години дивеел без да има возачка. Работиме 24/7 за да ве информираме и од нас ги прочитавте сите релевантни информации, па сега некој ве убедува дека знаел повеќе. Ако знаел некој повеќе зошто не објавил кој ја усмрти Фросина? Зошто не објавил која е судијката која го пратила во поправен дом? Зошто не го објавил неговото досие? Ние се ова го објавивме и сега некој урира по нашата работа за партиски профит!
Престанете со ширење на глупави теории на заговор за Драган Ковачки и Радмила Шекеринска.
Ми се гади, како објективното новинарско истражување го деградирате со вашите простачки рекла – казала приказни.
Без нашата работа немаше да знаете ништо и сега ни ја деградирате со лажни вести и обид партиски да профитирате врз нечија смрт.
Сакаме смртта на Фросина да биде иницијална каписла за реформи во правосудството и во сообраќајот. Со вашата неодгоцорност создавате фронт на лудилото.
Случајот е јасен како ден и јасно е каде е одговорноста.
Секој обид да ја однесете водата на друга воденица е во служба на тоа да се спасат главните виновници кои го напишав погоре!