Времето утре ќе биде претежно сончево, со мала до умерена облачност. Во одделни делови од земјата ќе има услови за појава на слаб локален дожд.

Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Утринските температури ќе се движат од 6 до 14 Целзиусови степени, додека дневната температура ќе достигне до 29 степени.

Во Скопје се очекува слично време, со сончеви периоди и мала до умерена облачност. Максималната дневна температура ќе достигне 26 степени.

Во следните денови ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Во попладневните часови наместа ќе има услови за краткотраен дожд.