„One Stop Shop“ како поттик за економија и регионален развој

Министерот за европски прашања и прв вицепремиер, Беким Сали, оствари средба со албанскиот амбасадор во земјава, Денион Мејдани, каде се разговараше за интензивирање на билатералната соработка и зајакнување на пријателските односи меѓу двете земји.

На средбата, особено внимание беше посветено на проектот „One Stop Shop“, кој има за цел да ги поедностави процедурите за движење на граѓаните и стоките, како и да ја зголеми економската и трговската соработка. Од Министерството за европски прашања истакнуваат дека имплементацијата на проектот е оценета позитивно и дека тој носи значајни придобивки за регионалниот развој и за подобрување на услугите за граѓаните.

Иницијативи за европски интеграции и институционална соработка

Во рамките на разговорите, двете страни разгледаа и други заеднички иницијативи, со акцент на институционалната соработка и координација во процесот на европски интеграции. Мејдани и Сали се согласиле дека редовната комуникација и заедничките проекти се клучни за понатамошно зацврстување на односите меѓу двете држави.