Во текот на претстојната ноќ и утре изутрина Македонија ќе се соочи со поларно студено време. Ова е поради влијанието на поларната воздушна маса која се спушта директно од Русија. Според информациите од Метеоаларм, времето ќе биде ведро и екстремно студено.
Поларно студено време со температури до -15 степени
Температурите на многу места низ Македонија ќе се спуштаат до близу, а во делови од земјата и под -10 степени. Особено засегнати ќе бидат Беровскиот регион, повисоките населени места и планинските области, како и Скијачките центри, каде температурите ќе достигнат околу или дури под -15 степени.
Намален ветер
Северниот ветер што го имавме денеска ќе се смири и ќе ја намали својата брзина, но температурите ќе останат многу ниски, што ќе предизвика силно чувство на студ.
Прогноза за Скопје
Во Скопје и околината се очекува температурата да се спушти до околу -5/-6 степени до утре наутро, со ведро и студено време.
Граѓаните се советуваат да бидат внимателни и да се заштитат од екстремните температури, особено во планинските региони и отворените области.