Во незгодата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница Велес.
Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Велес.
На 31.03.2021 во 17:45 часот во СВР Велес било пријавено дека на делницата од автопатот Градско-Велес, на место викано „Венуле“, Н.П.(28) од Велес, управувајќи мотоцикл „сузуки“, со велешки регистарски ознаки, паднал на коловозот.