„Смешно е САД да продолжат со едностран однос“
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека е „смешно“ САД да продолжат, како што рече, со едностран однос кон НАТО и повторно ја критикуваше Алијансата за недоволна реципрочност.
„Смешно е што САД продолжуваат по овој едностран пат кога односот не е реципрочен. Тие не беа таму за нас!!!“, напиша Трамп на својата платформа Truth Social, непосредно пред претстојниот самит на трансатлантската алијанса во Анкара.
Критики за европските сојузници и финансирањето на НАТО
Трамп и претходно ги критикуваше европските сојузници за нивниот однос кон безбедносните прашања и за нивниот удел во финансирањето на НАТО, особено во контекст на глобалните кризи.
Тој ја придружи својата објава со графикон кој прикажува споредба на издвојувањата на членките за Алијансата. Според прикажаните податоци, САД издвојуваат 999 милијарди долари, додека Велика Британија издвојува 90,5 милијарди, Франција 66,5 милијарди, Италија 48,8 милијарди и Полска 44,3 милијарди американски долари.
Трамп и во минатото повеќепати ја доведуваше во прашање распределбата на трошоците во рамки на НАТО и улогата на САД во Алијансата.
