Претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, претпладнево пристигна во Скопје во рамки на својата официјална посета на земјава. На скопскиот аеродром го пречека министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски.
Милатовиќ е во дводневна посета на земјава на покана на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова која денеска со највисоки државни и воени почести ќе го пречека во Вилата „Водно“.
Според најавите, во рамки на посетата, црногорскиот претседател ќе оствари неколку билатерални средби со македонскиот државен врв кои ќе бидат насочени кон зајакнување на соработката, со фокус на економскиот развој, регионалната стабилност и европската интеграција.
