ВМРО-ДПМНЕ испрати соопштение за изјавата на премиерот Зоран Заев, кое го пренесуваме во целост:
Зоран Заев е човекот кој ветуваше европска Македонија, кој етикетираше луѓе за кочничари на евроинтеграциите, а сега нуди мини шенген Македонија и самиот е главен кочничар.
Корупцијата и криминалот се симболот на оваа власт на Заев и поради нив сме секој ден се подалеку од Европа. Не ВМРО-ДПМНЕ, туку Транспаренси не вбројува во најкорумпирани држави во светот, а Извештајот на Стејт Департментот нотира корупција и криминал во власта.
Мини шенгенот не е алтернатива на ЕУ и Заев не може да го преставува како спектакуларен успех. Тоа е вообичаена регионална соработка, далеку од тоа што е врвен национален интерес, а тоа е полноправно членство во ЕУ и дел од големото семејство европски држави.
Овие 4 години власт на Заев, се 4 украдени години за граѓаните исполнети со неуспеси и понижувања.