Партијата обвинува за селекција на предмети и злоупотреба на јавни пари
ВМРО-ДПМНЕ денеска излезе со соопштение дека најавеното одземање на предметите од страна на обвинителите поврзани со поранешниот премиер Зоран Заев претставува продолжување на политички прогон, кој, според партијата, трае веќе 10 години. Во реакцијата се истакнува дека обвинителите не работеле на страната на правдата, туку биле инструмент на политички интереси.
„Пред да се навредат обвинителите на Зоран Заев на чело со Гаврил Бубевски, Ленче Ристоска, Лиле Стефанова и останатите платеници за политички прогон, што е најавено одземање на предметите на кои работат, а никако да сработат на страна на правдата цели 10 години, нека си го стават прстот на чело и нека си ги постават следните прашања“, се наведува во соопштението.
Партијата потоа ги постави своите прашања до обвинителите:
- „Дали не треба кривично да одговараат што крадеа народни пари од СЈО без мера за да вршат политички прогон и хајка?“
- „Дали заборавија на изјавите и сведочењата на нивната колешка Лејла Кадриу за тоа дека екс премиерот Зоран Заев и вицепремиерката Радмила Шекеринска оделе во СЈО навечер и лично селектирале предмети кои треба да бидат обработувани согласно нивните политички мотиви?“
- „Дали заборавија дека на чело на оваа политички инструирана и скапо платена багра која ја закопа правдата и амнестираше милионски криминали на Заев, стоеше осудената за рекет Катица Јанева?“
Во продолжение се додава:
„Ленче Ристоска исто како и сите гореспоменати беа дел од истиот апарат кој ја погребуваше правдата“.
