Арсовски потенцираше дека СДСМ на нетранспарентен начин преговара во име на граѓаните, а тоа значи дека нешто се подготвува, односно најверојатно Зоран Заев и Владо Бучковски подготвуваат ново предавство. ВМРО-ДПМНЕ нема да го дозволи тоа и токму преку ваквите блокади и протести ќе го искажува револтот и ќе се спротивставува на црните сценарија кои СДСМ на чело со Зоран Заев ги планира во наредниот период.
Притисоците од страна на СДСМ секој ден се се поголеми и пожестоки, а показател за тоа се вчерашните случувања кои што се случија пред ТЦ Мавровка кога млад активист на ВМРО-ДПМНЕ беше физички нападнат и вербално навредуван од страна на полициски службеник, кој без никаква причина го приведе младиот Стефан кој сведочеше за нападите од страна на униформираните лица – додава Арсовски.
Доколку ваквите блокади не вродат со плод и власта да има слух за барањата на граѓаните, тогаш ВМРО-ДПМНЕ ќе иницира институционални блокади, се со цел власта да биде разумна и да ги слуша барањата на граѓаните, а не да владее самоволието кое што е се повеќе видливо, истакна Арсовски.
ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да биде во служба на граѓаните и нема да дозволи да бидат изманипулирани и извисени од Зоран Заев и неговите соработници, токму затоа остануваме на улица се додека власта не откаже од намерата за ново предавство – завршува Арсовски.