Момчето со денови имало болка, а лекарите првично мислеле дека станува збор за пукнато слепо црево, пишува Mirror.co.uk.
Вработените во болницата останале во шок откако сфатиле за што станува збор, бидејќи топчињата се залепиле на хируршката опрема поради магнетизамот.Момчето имало две големи операции со кои му биле отстранети пет сантиметри од цревата.Лекарите велат дека тој е петто дете кое минатата недела дошло во болница поради магнетните зрна во неговото тело.
Неговата мајка Ејми Кларк им напиша предупредување и молба на своите родители на Фејсбук.
-Ова е ноќна мора! Оваа лудост на ТикТок можеше да го убие ако беше подолго во него. Ве молиме разговарајте со вашите деца и кажете им колку се опасни топчињата. Тие се смртоносни ако ги проголтаат. Ги имаат дури и во училиштата и градинките. Уништете ги! нарача таа.
Семејството на момчето тврди дека во куќата немаат магнетни топчиња, а момчето нема „ТикТок“.
Директорката на болницата во Бирмингем, Сју Дејвис изјави дека телото на момчето се бори против инфекцијата.
-Тој е многу, многу болен. Две големи операции за само неколку дена не се добри за никого, а камоли за дете. Јас сум загрижена. Не мислевме дека ова некогаш може да ни се случи, овие мали магнетни топчиња направија многу на штета, рече таа.