Ковачевски молчи за средбата на Џафери со луѓе на Путин, исто како што молчеше за пцуењето на вработени, уште што треба да се случи за да побара оставка? Талат Џафери имал средба во собранието на Македонија со Абдул-Вајед Нијазов, поранешен пратеник во Думата и основач на здружението „Муслиманите во поддршка на Претседателот Путин“. Истата средба Џафери не ја објавил на социјалните мрежи, ниту пак известил преку прес службата на собранието за неа, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат дека Џафери ја криел оваа средба и дека мора да каже, зошто криел за средбата и дали потоа ги известил службите дека има таква средба?

– Активностите на Џафери можат да бидат потенцијална опасност и за НАТО. И сето ова Ковачевски го премолчува, само за да не му падне владата. Ковачевски не смее да побара одговорност за Џафери, зошто знае дека така може да падне владата, а со тоа и тој повеќе никогаш нема да биде премиер, затоа што има рејтинг помал од стапката на инфлација. Ковачевски не може вечно да се крие. Иако тој молчи, народот го гледа и се срами од срамот кој и го приредува Џафери на Македонија, се додава во партиското соопштение.