Тешка сообраќајна несреќа се случила синоќа во Скопје во која настрада малолетен пешак. Несреќата била пријавена во Секторот за внатрешни работи Скопје на 25 ноември околу 22:00 часот.
Инцидентот се случил точно на крстосницата меѓу улицата „Цветан Димов“ и булеварот „Крсте Мисирков“. Патничко моторно возило марка „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 45-годишниот В.А. од селото Танушевци, скопско, удрило во 15-годишна малолетничка од Скопје.
По ударот, девојчето било веднаш префрлено во Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде дежурните лекари констатирале тешки телесни повреди.
На местото на сообраќајната несреќа излегла увидна екипа од СВР Скопје која извршила увид за точно утврдување на сите околности и причини под кои дошло до несреќата.
