Според весникот, повикувајќи се на неименуван извор вклучен во истрагата, Кашчелан бил уапсен под сомнение за организирање криминална група, која извршила и планирала неколку тешки кривични дела, за кои му се заканува казна и до 40 години затвор.
Изворот на „Вијести“ додава дека во акцијата на полицијата се уапсени уште најмалку четири други лица. Кашчелан и тројца членови на неговата криминалната група биле уапсени во Котор, додека еден бил уапсен во Плевље.
Кашчелан во полициските архиви е регистриран како еден од водачите на Кавачкиот клан, заедно со Радоје Звицер.
Управата на Црногорската полиција синоќа не даде официјално соопштение за деталите за апсењата.