– Постигнавме уште една пресвртница во програмата за вакцинирање, со над пет милиони луѓе кои ја примија втората доза од вакцината, напиша Џонсон на својот профил на Твитер.
We've reached another milestone in our vaccination programme with over 5 million people now having had their second jab.
I urge everyone to take up their second dose as soon as they are offered it.
— Boris Johnson (@BorisJohnson) April 3, 2021
Тој уште еднаш ги повика Британците да се вакцинираат штом ќе им се појави можност за тоа.
Во Обединетото Кралство се потврдени 3.402 нови случаи на коронавирус, што е речиси двојно помалку од пред седум дена, кога беа пријавени 6.187 нови случаи, а овој резултат се објаснува со големиот број вакцинирани.
Најголем број на вакцинирани лица во еден ден беше пријавен на 20 март, кога беа имунизирани 844.000 лица.
Премиерот Џонсон уште најави дека државата ќе стори се за да ги зголеми производствените капацитети на долг рок, бидејќи се очекува имунизација да биде неопходна на долг рок.