Основачот на „Амазон“, Џеф Безос, смета дека вештачката интелигенција може да ја зголеми продуктивноста до степен што на некои Американци ќе им овозможи да работат три дена во неделата или домаќинството да се потпира на еден приход. Со ова тој ги отфрли загриженостите дека новата технологија би довела до масовно губење работни места.
Извршниот претседател на „Амазон“ го следел говорот на американскиот претседател Доналд Трамп на состанокот со технолошки директори за вештачка интелигенција во Источното крило на Белата куќа. Во интервју за „Фокс њуз“, Безос рече дека растот на продуктивноста благодарение на ВИ би можел да им овозможи на некои луѓе да одлучат: „Можам да го издржувам моето семејство работејќи три дена во неделата“.
Тој додаде дека домаќинствата со два прихода би можеле да проценат дека повеќе не им е потребен вториот приход, па едниот родител да престане да работи.
Бил Гејтс претходно предвиде дека во рок од десет години работната недела би можела да се намали на два дена.
Безос и Гејтс не понудија конкретни детали за тоа како би се оствариле ваквите промени. Сепак, Безос нагласи дека сегашните изгледи упатуваат на тоа дека вештачката интелигенција би можела да предизвика недостиг од работна сила, наместо масовни отпуштања.
