Судирите меѓу демонстрантите и полицијата продолжуваат на улиците на Тбилиси. Протестите се одржуваат поради контроверзниот закон за странски агенти кој ја опфаќа работата на невладините организации и на медиумите кои во одреден дел се финансирани од странство.

Демонстрантите ноќеска поставуваа барикади и продолжија да се конфронтираат со полицијата која користи солзавец и водени топови.

Поддршка за протестите даде и украинскиот претседател Володомир Зеленски.