Страшен судир помеѓу камион и „БМВ“
Оперскиот пејач Ристе Велков и неговиот син Адам се меѓу четирите жртви во тешката сообраќајна несреќа што ноќеска се случи на скопската обиколница, во близина на Радишани.
Трагедијата се случила помеѓу надвозникот Визбегово и клучката Мирковци, кога товарно возило со косовски регистарски таблички ја пробило заштитната ограда, преминало на спротивната коловозна лента и директно се судрило со патничко возило „БМВ“.
Несреќата се случила околу половина час пред полноќ, а веднаш на местото интервенирале екипи на полицијата, противпожарната служба и Итната медицинска помош.
View this post on Instagram
Автомобилот целосно изгорел по ударот
По силниот судир избувнал пожар, при што автомобилот целосно изгорел. Во несреќата животот го загубија четири лица.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, загинале возачот Р.В. (51), двајца 20-годишни сопатници и уште едно лице чиј идентитет првично не бил утврден. Подоцна било потврдено дека меѓу жртвите се и оперскиот уметник Ристе Велков и неговиот син Адам.
Приведен возачот на камионот
Според првичните информации, можно е причината за трагедијата да биде преминување на камионот во спротивната лента. Неофицијално, се претпоставува дека возачот на товарното возило можеби изгубил свест поради замор непосредно пред судирот.
Возачот на камионот, 76-годишен државјанин на Косово, е приведен, а надлежните институции спроведуваат истрага за причините за несреќата.
