Според планот Б, како што известија од таму, салата ќе биде полупразна, а на оние кои сакаат да бидат дел од настанаот во арената ќе им треба негативен тест за ковид-19.

Организаторите на Евровизија ја поздравија одлуката на холандската влада и рекоа дека „ќе ги разгледаат опциите што се сега достапни“.

– Ќе објавиме повеќе детали во следните недели за тоа како можеме безбедно да ја примиме публиката во Ахој во Ротердам, доколку ситуацијата дозволи – изјавија организаторите.

Инаку оваа година претставник на Македонија е струмичанецот Васил Гарванлиев, кој ќе настапи шестти по ред во првото полуфинале, на 18 мај со композицијата „Here i stand“.